За Нас
Почитувани Клиенти,
Задоволство ни е што одвоивте дел од Вашето драгоцено време да ја посетите нашата интернет страница. Нудиме широк спектар на производи од нашата индустриска област.
Ние сме Премиум Индустри ДООЕЛ Скопје, производствено и трговски ориентирано друштво, кое има цел и капацитет да одговори на барањата, како на домашниот, така и на странските пазари.
Нашиот професионален тим кој има долгогодишно искуство произведува производи по мерка со најсовремени висококвалитетни сертифицирани материјали. Застапници сме и на повеќе трговски брендови од светски ранг.
За сето ова нудиме Гаранција и Квалитет. Затоа повелете, посетете не во нашата фабрика во Скопје каде располагаме со повеќе производствени хали, изложбен салон и канцеларии, и уверете се во тоа што Ви го нудиме.
Гаранција
Почитувани Клиенти
Доколку се одлучите да купите производ од нашата палета на производи, грижата потоа оставете ни ја нам. Секој производ има гаранција. Ние располагаме со наш сервис и резервни делови. Нашиот тим е експедитивен и секогаш навреме ќе го отстрани проблемот за да може Вашиот Бизнис беспрекорно да функционира.
Цени
Нашиот тим, постојано врши темелни пазарни истражувања низ Европа, се со цел да го одбереме најдоброто за Вас. Соодносот цената – квалитетот кај нас е секогаш на прво место.
Проектирање
Нашиот тим се состои од инженери кои проектираат според просторот што соодветно ќе одговори на Вашиот бизнис. Започнете или проширете го бизнисот со помалку трошоци, затоа што само така ќе можете успешно да ги постигнете целите.