Вертикални фрижидери

Ви нудиме производство на повеќе типови на фрижидери по мерка според просторот и потребите. Фрижидерите се изработуваат според HACCP Стандардот за чување и производство на храна. Исто така, изработката се одвива според највисоките светски стандарди, висококвалитетни материјали, и одлична изолација која резултира со ниска потрошувачка на електрична енергија. Температурата се регулира со дигитални термостати.
- Врати на лизгање или отворање
- Врати од инокс или стакло
- Внатрешност од решетки или рафтови,
- Рафтови за плехови 600×400 mm и други димензии
- Одржувачи од 0C до 10С
- Замрзнувачи од -18С до -22С
- Дигитален термостат
- Осветлување
Димензиите се по мерка според просторот и потребите за Вашиот бизнис.